
Министерството за здравство го презема лиценцирањето на стоматолозите, имало големи пропусти
Министерството за здравство од денеска привремено ги одзема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.
Препорачано
Тој на денешната прес-конференција информираше дека одземањето на надлежностите, односно на јавното овластување на Стоматолошката комора се сѐ додека не се воспостави систем преку кој Комората ќе работи законито, транспарентно и професионални.
Овој чекор не е казна. Ова е почеток на реформата, реформа што ќе ја врати довербата, ќе обезбеди интегритет и ќе гарантира дека секој стоматолог ја продолжува лиценцата со знаење и со вештини усогласени со најновите светски стандарди, појасни Алиу.
Според него, надзорот на документите на Стоматолошката комора покажале сериозни пропусти, односно едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците.
Надзорите и документите покажаа сериозни пропусти како договори склучени ретроактивно спротивно на закон, одлуки и документи без потпис и со невалидна документација. Дополнително, игнорирање на привремената мерка и конечноста на одлука на Уставниот суд повеќе од една година, иако судот утврдил дека условите за стручно усовршување биле спротивни на законот, истакна Алиу.
Тој информираше дека има и сомнеж за финансиска злоупотреба.
Имаме сериозни сомнежи за финансиски злоупотреби на Комората за кои финансиската полиција истражува, има прибавено обемна документација за која веруваме дека за брзо време ќе има епилог, нагласи Алиу.
Министерот вели дека ова е директен удар врз една од петте столбови на неговата визија за здравството и дека Комората мора да има кредибилен законски и транспарентен систем за лиценцирање