Фото: Borko Ristovski/FB

Mинистерството за спорт ќе им додели признанија на најголемите спортски легенди

Министерството за спорт во соработка со Владата утре напладне ќе организира свечена церемонија на која ќе им бидат доделени национални признанија за врвни спортски достигнувања на најуспешните македонски спортисти.

На настанот ќе присуствуваат министерот за спорт Борко Ристовски и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, а признанијата ќе им бидат врачени на имиња кои оставиле траен белег во историјата на македонскиот спорт.

Признанија ќе добијат Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Петар Наумоски, Перо Антиќ, Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева.

Овие спортски имиња со своите настапи на клупско и репрезентативно ниво ги претставуваа националните бои со гордост и посветеност. Тие се легенди на колективните спортови, кои со своите успеси го врежаа своето име во колективната меморија на македонското општество. Ова признание претставува симболична, но значајна благодарност за нивниот придонес во развојот на спортот и афирмацијата на Македонија во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот