Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Министерството за правда бара забрана за водечкото здружение на новинари во Белорусија

Во средата, белоруското Министерство за правда побара од судот да ја забрани работата на водечкото здружение на новинари, кое ја продолжува пресметката на владата со независните медиуми и активистите на цивилноот општество.

Министерството побара од највисокиот суд да ја забрани Белоруската асоцијација на новинари, поради наводни недостатоци во документите за закуп на канцеларијата.

Здружението изјави дека не може да обезбеди документи за да одговори на тужбата, бидејќи нејзините канцеларии биле запечатени во полициската рација минатата недела.

Здружението е формирано во 1995 година и брои 1.204 члена. Тоа е најголемото и најреномирано новинарско здружение во Белорусија и е дел од Меѓународната федерација на новинари (IFJ).

Напорите на властите да го забранат Здружението доаѓа во време на остра конфронтација со независните медиуми: според Здружението, властите спровеле 67 претреси во просториите на медиумските куќи и станови на новинарите во последните две недели.

Во притвор се 31 новинар кои чекаат судење или издржување казна.

Властите ги замрзнаа банкарските сметки на белорускиот ПЕН центар, здружението на писатели предводено од Светлана Алексијевич, добитник на Нобеловата награда за литература во 2015 година.

Алексијевич, член на опозицискиот Координативен совет, ја напушти Белорусија минатата година, откако беше донесена на распит.

Белоруската влада започна остра пресметка со противниците по претседателските избори во август 2020 година, кога избувнаа масовни антивладини протести низ целата земја. Демонстрантите се побунија поради официјалните изборни резултати според кои убедливо победи долгогодишниот авторитарен шеф на државата, Александар Лукашенко.

Повеќе од 35 000 луѓе се уапсени за учество во повеќемесечни демонстрации, од кои илјадници беа брутално претепани од полицијата. Властите исто така беа насочени кон новинарите кои известуваа за протестот.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот