Инвертер клима
Инвертер клима / Фото; МИА

Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер климите за граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе ги додели ваучерите за инвертер клими. На доделувањето во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Оваа мерка, како што соопштуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.

Министерството за енергетика појасни: Ваучери за инвертери ќе може да се подигнат до крајот на ноември – Слободен печат

Според Министерството, вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23 000 денари или 25 000 денари се 4 591 домаќинствo, а преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30 000 денари се 1 591 домаќинство.

Доделувањето на ваучерите во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одвива од 9 до 17 часот, а во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот, додека за останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.

За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Важно: Ваучерите за инвертери можат да се подигнат само во текот на утрешниот ден – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот