Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високите температури

Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури поради најавениот топлотен брат што ќе ја зафати Македонија.

Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, препорачува Министерстото, како и да внесуваат доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци.

На граѓаните им се препорачува да носат лесна, светла облека и да користат заштита за глава и очи, како и да избегнуваат физичка активност во најтоплите часови од денот.

„Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури, во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош, одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот и обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот“, препорачуваат од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека внимателно ја следат состојбата на дневна основа и дека ќе постапуваат согласно проценките и потребите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот