Шабан Салиу / Фото: Фејсбук

Министерот без ресор Шабан Салиу се кандидираше за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР) и министер без ресор, Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари.

– Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромска заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес носиме заедничка одлука за нашата иднина – за чесен, ефикасен и емотивен начин на управување со нашата општина. Оваа визија не е само моја – таа е и ваша. Со заеднички напор, со доверба и љубов кон нашата општина, ние ќе го направиме Шуто Оризари светол пример во Македонија и пошироко – порача Салиу.

Во своето обраќање, тој ја претстави својата политичка визија и програма за модерна, функционална и достоинствена општина.

Салиу најави дека приоритет ќе биде изградба на инфраструктура која ќе донесе квалитетен живот за сите жители, како што се асфалтирани улици до секој дом, проширен водовод и канализација, ЛЕД осветлување и безбедни пешачки патеки, како и нови социјални станови за семејствата што долго чекаат покрив над глава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот