Фото: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерката Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции, било договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.

– Несериозен е односот кон ревизорските извештаи коишто со години забележувале и нотирале и згора на тоа информирале за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола, а никој не реагирал. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот – изјавила министерката Божиновска на средбата со Ацески – соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Главниот ревизор, се додава, на средбата укажал на досегашните извештаи за работата на овие институции и нотирани неправилности.

– По средбата со Ацески ќе стапиме во комуникација со надлежните институции за иницирање на постапки за проверка на сите регуларности истакни во ревизорските извештаи. Во текот на вчерашниот ден, министерството испрати и допис до Бирото за метрологија, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, Националниот оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“, Агенцијата за енергетика за доставување на извештај за спроведените активности изминатите четири години и финансиската состојба во која се наоѓаат институциите – соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот