Антонијо Милошоски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Милошоски вели дека имаат „основана доза скептицизам“ околу прифаќањето заедничка резолуција со Бугарија во ЕП

Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вечерва во гостување во дневникот на „Сител“ рече дека Владата има !!„основана доза на скептицизам“ во врска со прифаќањето на предлогот за заедничка резолуција помеѓу Македонија и Република Бугарија во Европскиот парламент.

Скептицизмот, според Милошоски, се темели на изјави дадени од страна на официјални лица на Бугарија, за кои рече дека „звучат слично како изјавите на официјалните лица на Москва за самобитноста на украинскиот народ и јазик“.

Заедничката декларација беше предлог на премиерот Христијан Мицкоски, а тој воедно побара и Бугарија, како знак на добра волја, да ги признае и спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права за македонското малцинство во Македонија.

„Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ќе биде дел од извештај со која што јасно ќе се признае македонскиот идентитет и јазик како посебен“, рече Мицкоски минатата недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот