Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Милошоски: Договорот со „Бехтел и Енка“ прво на увид, а потоа ќе имаме затворена седница

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува. Милошоски тврди дека Договорот веќе имале можност да го видат осум пратеници од ДУИ и двајца од СДСМ, од кои, како што рече, двајца пратеници немале безбедносен сертификат.

-Суштината на нашето барање е според Законот за класифицирани информации. Ние не бараме договорот некој министер да ни го раскажува. Ние бараме и имаме право договорот да ни биде даден на увид и бидејќи се работи за 500 страни договор, да имаме разумен рок од најмалку 10 дена да го разгледаме, анализираме и потоа да имаме затворена седница на која што ќе ги искажеме сите наши забелешки, но и ќе ги обзнаниме сите клаузули коишто се штетни по Буџетот на Република Македонија. Сметаме дека ова барање им следува на пратениците затоа што веќе е направен преседан, рече Милошоски.

Штом овие двајца пратеници без бедбедносен сертификат имале увид во договорот и да прават предлог за законски измени на осум клучни закони, тогаш, дополни Милошоски, можат сите пратеници да го добијат договорот.

-Самиот договор имале можност да го видат осум пратеници од ДУИ и двајца од СДСМ, тоа се оние коишто ги поднесле осумте закони за измени во Собранието поврзани со автопатите на Артан и Ковачевски иако знаеме дека најмалку двајца пратеници од овие осум немаат безбедносен сертификат. Ако можел некој пратеник, колега, да има увид во договорот без безбедносен сертификат и да прави предлог за законски измени на осум клучни закони вклучително и законот за работни односи, тогаш можат сите пратеници да го добијат договорот, во најмала рака сите коишто имаат безбедносен сертификат да имаат време да го разгледаат и потоа Собранието на затворена седница да ги слуша забелешките, критиките, пофалбите или обвинувањата од страна на пратениците, рече Милошоски.

Очекуваме, потенцира Милошоски, власта да постапи согласно Законот за класифицирани информации согласно Деловникот и да ни го достави договорот кој откако ќе го разгледаме да закажеме затворена седница и ќе расправаме по него.

Милошоски спомена пример од порано каде во 2017 година по барање на пратеници во Комисијата за надворешна политика им бил даден на увид Договорот за добрососедство со Република Бугарија.

Според него, мнозинството со денешната координација во Собранието се обидува „да игра со формата на оваа тема. Формата е помалку битна. Битна е содржината. Суштината е што пишува во Договорот. Ако Договорот е таен некој нешто крие, ако некој нешто крие веројатно има индиции за корупција и криминал, рече Милошоски.

Како што појасни, бараат Договорот да им биде доставен согласно член 120 од Деловникот на Собранието.

-За да има комисиска расправа мора да има материјал. Не мое да има седница ако нема материјал. Материјалот на оваа тема е Договорот, нека ни го достават, нека ни дадат време да го разгледаме и ќе излеземе пред јавноста со забелешки кои работи се добри, штетни или кој пречекорил законски овластувања на штета на Буџетот, наведе пратеникот Милошоски.

На денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи беше констатирано дека опозицијата треба да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот. На координацијата не учествуваше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Со оглед на тоа што Договорот е класифициран, односно само пратениците кои се носители на безбедносен сертификат имаат увид во неговата содржина, договорено е Договорот да се разгледува на седница на Комисија која ќе биде затворена за јавноста и на неа ќе присуствуваат само пратениците кои имаат безбедносни сертификати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!