Милијардерот Ричард Бренсон моли за помош да не банкротира

Тој апелот го испратил од својот приватен остров на Карибите каде живее изминативе 14 години.

Сопственикот на авио компанија „Вирџин Атлантик“ и милијардер, Ричард Бренсон, се обидува да ги убеди властите во Велика Британија да му одобрат финансиска помош од 500 милиони фунти за како што вели да ја преживее пандемијата од корона вирусот.

Тој апелот го испратил од својот приватен остров на Карибите каде живее изминативе 14 години. Освен до британските власти, тој истиот апел го испратил за нешто поголема сума од 700 милиони фунти и до австралиската Влада.

Ваквото барање го поддржале и шефовите на Ербас кои произведуваат млазни мотори за неговите авиони.

Тие ги предупредиле британските министри дека пропаѓањето на Бренсоновата компанија и нив би ги повлекла во пропаст.

Поранешниот британски канцелат Џон Мекдонели истакна дека е неприфатливо ваквите „богати милијардери“ да го „молзат“ системот во време на национална криза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот