
Милевски в среда ќе го објави списокот со играчи за мечевите со Лихтенштајн и Велс
Утре (среда) во 13.00 часот во “Куќа на фудбалот” прес-конференција ќе одржи селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.
Препорачано
Милевски ќе го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите на македонската А репрезентација против Лихтенштајн (22.03.) и Велс (25.03.) од квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Воедно по завршувањето на прес-конференцијата, на настанот на платото пред ФФМ, предвидени се обраќања на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и претставник на новиот партнер на ФФМ.
Во нашата квалификациска група Ј во трката за учество на Мундијалот се и селекциите на Белгија и Казахстан.
Неодамна Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
58мин
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5