Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Милевски: Натпреварот против Белгија за нас ќе биде најважен

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска славеше убедлива победа над Лихтенштајн од 5-0, а селекторот Благоја Милевски очекувано по крајот на натпреварот беше задоволен од прикажаното.

Милевски истакна и дека натпреварот кој следи против Белгија, ќе биде најважниот во квалификациите.

„Сакам да честитам на противникот за сè што се обиде да направи денеска. Ние не изгледавме така како што изгледавме случајно, влеговме во натпреварот со максимален респект, доминиравме во сите сегменети и оставивме многу малку простор на ривалот. Против Белгија за нас ќе биде најважнот натпревар, но без оглед кој е противникот, ние исто се подготвуваме. Целта е да останеме на првото место. Ме радува како ги постигнувавме головите и начинот на кој фубалерите се однесуваа. Резултатите ме прават горд, но на крај на денот никој не може да ни го земе правото да сонуваме пласман на Светското првенство. На крај сакам и на сите граѓани на Македонија да го честитам празникот 8 септемри“, истакна Милевски.

Натпреварот против Белгија го играме на 10 октомври на гостински терен.

„Македонија може да се пласира на СП, има златна генерација“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот