Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Милевски најави, фудбалерите реализираа: Македонија имаше одличен јуни, Мундијалот засега е – реалност!
Македонската фудбалска репрезентација по подолго време јунскиот циклус го завршува со одлични четири бода и тоа во два натпревари од кои еден беше против селекција како Белгија.
Препорачано
Најави и селекторот Благоја Милевски пред овој циклус дека овој јуни ќе биде поинаков и тоа на крајот навистина се случи.
„Овој јунски период со години ни е проблематичен. Овојпат мораме да го смениме тој јунски менталитет и индивидуално и како тим. Тоа што го видов во изминатите седум дена ми дава за право да бидам оптимист дека овој јуни ќе биде поинаков. Во селекцијата има одлична енергија, одлична атмосфера и тоа е добар предуслов да го дадеме максимумот“, изјави Милевски.
Македонија е во одлична серија од десет натпревари без пораз, а до утре ќе бидеме точно една година без пораз, последен пат загубивме од Чешка на 10-ти јуни минатата година во пријателски натпревар. Освен тоа избраниците на Милевски се во серија и од четири победи во низа на гостински терен.
Сето тоа не доведе во солидна позиција во квалификациите за Светското првенство каде што имаме осум бода на првата позиција. Зад нас следат Велшаните со седум бода, Казахстан има три, Белгија е на еден но со само еден одигран натпревар и Лихтенштајн последен без бодови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
12мин
-
18мин
-
32мин
-
45мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5