Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Миленкоски: Нашата група е убедливо најтешка на Европското првенство 2026

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација на четвртиот настап на еден континентален собир во низа нема да има нималку лесна задача откако ждрепката во италијанскиот град Бари ни донесе група во која покрај домаќинот Бугарија, ќе се соочиме и со Полска, Украина, Португалија и Израел.

Нималку лесно друштво, но селекторот Јошко Миленкоски смета дека мора да веруваме во нашиот квалитет.

– Сите групи се тешки, но нашата е убедливо најтешка! Сите репрезентации имаа одлични резултати на последното Светско првенство, додека Израел финишираше како трет во Златната Европска лига. Скоро сите противници завршија со смена на генерации и сега бркаат резултат. Многу сериозна работа ја чека нашата репрезентација. Првиот впечаток е дека ќе биде многу тешко да се повтори успехот од претходното Европско првенство, пласман во следната рунда, но од друга страна мора оптимистички да се гледа и да се верува во својот квалитет. Ова го велам затоа што имаме многу квалитетен состав, кој веќе по четврти пат во низа ќе учествува на една ваква манифестација. Верувам дека нашите играчи како и секогаш ќе ги потврдат своите вредности и ќе сторат сè, и по којзнае кој пат да ги израдуваат љубителите на спортот и одбојката во Македонија – вели стратегот на националниот тим.

ЕвроВолеј 2026 ќе се игра во четири земји Италија, Бугарија, Финска и Романија од 9 до 26 септември следната година.

ЕВРОВОЛЕЈ 2026, ГРУПНА ФАЗА

ГРУПА А, НАПОЛИ

ИТАЛИЈА
ШВЕДСКА
СЛОВЕНИЈА
ЧЕШКА
ГРЦИЈА
СЛОВАЧКА

ГРУПА Б, ВАРНА

БУГАРИЈА
МАКЕДОНИЈА
ПОЛСКА
УКРАИНА
ПОРТУГАЛИЈА
ИЗРАЕЛ

ГРУПА Ц, ТЕМПЕРЕ

ФИНСКА
ЕСТОНИЈА
СРБИЈА
БЕЛГИЈА
ХОЛАНДИЈА
ДАНСКА

ГРУПА Д, КЛУЖ

РОМАНИЈА
ЛЕТОНИЈА
ФРАНЦИЈА
ГЕРМАНИЈА
ТУРЦИЈА
ШВАЈЦАРИЈА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот