Зоран Милановиќ
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ/ Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Милановиќ најави повлекување од политиката: Повеќе не се кандидирам

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека повеќе нема да се кандидира за никаква политичка функција, пренесе „Вечерњи лист“.

„Повеќе нема да бидам кандидат за претседател, ниту за ништо друго во политиката“, рече Милановиќ во својот говор на отворањето на Деновите на комуникациите во Ровињ.

На почетокот на оваа година, Милановиќ освои втор мандат на чело на државата со убедливо мнозинство гласови во вториот круг од претседателските избори, а според Уставот, исто лице може да биде избрано на таа функција најмногу двапати.

Мандатот на претседателот на Хрватска трае пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот