Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Милано не оди никаде, ќе го води Вардар и во наредната сезона
Екипата на Вардар и аргентинскиот тренер Гиљермо Милано постигнаа договор за продолжување на соработката, со што искусниот стратег ќе го води најтрофејниот македонски клуб и во следната сезона.
Препорачано
Милано пристигна во Скопје во ноември 2024 година и од тогаш постигна импресивен биланс 18 победи, две ремија (двете на гостински терен) и само еден пораз, па продолжувањето на соработката можеше и да се очекува. Под негово водство Вардар го совлада Мелсунген во Скопје во натпревар од Лигата на Европа и забележа голема победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола.
Сезонава црвено-црните се во битка за двојната круна. Овој викенд ќе настапат во полуфиналето на Ф4 турнирот што се игра во Охрид, додека во Првата лига ги чека борба до самиот крај. До крајот на сезоната ги очекуваат два важни натпревари, прво гостување кај Тиквеш, а потоа и дербито со Пелистер пред домашна публика, кое може да биде одлучувачко за титулата.
Милано е тренер со над две децении искуство, а неговото ракометно портфолио вклучува работа во клубови и со машката репрезентација на Аргентина. Учествувал на повеќе од 50 меѓународни турнири, вклучително и четири Олимписки игри, 19 Светски првенства, како и бројни континентални натпреварувања.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
12мин
-
15мин
-
20мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5