Фото: Принтскрин/Инстаграм

Мик Џегер на 79 години се вери со 43 години помладата балерина

Фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер (79), се вери со својата девојка Мелани Хемрик (36), како што пренесува „Дејли мејл“.

Уште минатата недела Мелани била видена со голем прстен на раката, а иако тврдела дека станува збор за прстен за ветување, нејзините пријатели сега потврдија дека музичарот и балерината се свршиле.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Мелани ја споделила среќната вест со нив на патување во Њујорк.

– Мелани беше во Американскиот балетски театар и им соопшти на пријателите дека е свршена со Мик. Таа беше многу јасна дека тоа е свршенички прстен и дека таа сега е негова свршеница. Нејзиното семејство знае дека се верени и се пресреќни. Немаат планови за свадба, но свршувачката ѝ значи многу на Мелани, така таа вели. Сите нејзини пријатели се среќни поради неа – изјавил извор за „Мирор“.

Мик и Мелани заедно дошле на отворањето на сезоната на Американскиот балетски театар каде многумина го забележале нејзиниот дијамантски прстен.

Двојката се запозна во 2014 година, на концертот на Џегер во Токио. Пред пред шест години го добија синот Деверу. Мик има уште седум деца со пет различни жени, како и пет внуци и една правнука.

Мик Џегер и Мелани Хемрик со синот/ Фото: Принтскрин/Инстаграм/

Претходно извор за американските медиуми откри детали од нивната врска.

– Мик целосно се промени. Претходно често менуваше девојки. Меѓутоа, Мелани и Деверу одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен – рекол тој.

ФОТО | Мик Џегер го прослави 79-тиот роденден: Пејачот ужива покрај 44 години помладата партнерка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот