фото: Принтскрин

Мицкоски: Очекувам во среда да биде распуштено Собранието

Очекувам во среда да биде распуштено македонското Собрание, како што беше договорено. Како што се договоривме на состанокот кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Очекувам сите политичари да си стојат на договореното, изјави денеска во Кавадарци  лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски беше во Кавадарци како дел од теренските партиски активности. Се сретна со претставници на Регионалната Стопанска комора.

– Ги презентиравме дел од мерките што ќе бидат опфатени во програмата ,,Обнова за Македонија” за предвремените парламентарни избори. Посебен акцент ставивме на  мерките што подразбираат намалување на персоналниот данок. Разговаравме и за целите на макроекономски план, стратешките приоритети што ќе бидат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ  веднаш по победата на изборите, рече Мицкоски.

Нагласи дека како повратен ефект добиле поздравувње на овие и други најавени мерки. Состанокот го оцени како исклучителен и корисен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот