
Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името
Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис
Ако премиерот на Северна Македонија продолжи вака, ќе се најде во многу непријатна позиција кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Реал фм“ за ставот на мандатарот за формирање Влада Христијан Мицкоски околу употребата на името Македонија,
Препорачано
Мицотакис истакна дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули.
-Секако ќе го покренам и мислам дека ќе имам многу сојузници во овој обид. Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, рече Мицотакис.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за нова влада, Христијан Мицоски вчера изјави дека Македонија е негова татковина, а при давање изјави употребата на името нема да биде поинкава, но како влада вели дека ќе мора да ги почитуваат законите и Уставот.
– Не, мојот став не се промени. Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија и ќе продолжам да зборувам Македонија. Не можеме ние како влада да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите а ние да калкулираме и да имаме двојни стандарди, рече Мицкоски, кој беше на настан во Тетово.