Христијан Мицкоски, Фото: Влада

Мицкоски за односите со Бугарија: Да не брзаме, за танго се потребни двајца

За танго се потребни двајца, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со односите со Бугарија и одлуката на тамошната Влада да се прекине со железничкото поврзување со Македонија.

Мицкоски порача дека треба да се почека, бидејќи сè уште не се знае дали ќе има договор или нема да има.

– Наша задача е да работиме. Дали ќе има договор – за танго се потребни двајца. Треба да видиме и од другата страна како функционираат – рече тој.

За Коридорот 8 и за однесувањето на бугарската страна, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ одамна го комуницирало тоа со јавноста и дека сега дури и заклучоците на новинарите и медиумите се дека попусто ќе се трошат парите.

– Дури и вашите заклучоци се во тој стил дека за џабе е да ги трошиме парите, ама ние кога го зборувавме тоа, други велеа „ама види ги овие вмровциве што прават“. Е сега што правиме, праша Мицкоски.

На прашањето што ќе правиме со парите наменети за железницата, тој рече дека треба да се почека и оти не треба да се брза.

– Знаеме точно што правиме, нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на граѓаните и државата, тоа да бидете сигурни, уверува Мицкоски.

Според објавата на бугарскиот портал „Медиапул“, имплементацијата на двата железнички проекти Софија–Перник и Перник–Радомир, за кои биле издвоени 500 милиони евра, се исклучени од финансирање во тековниот програмски период 2020-2027 година поради доцнење и недостиг на средства.

Во Меморандумот за разбирање меѓу С Македонија и Бугарија од 2017 година е преземена обврска за изградба на железничката линија Скопје–Софија до 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот