
Мицкоски: Со месеци повикуваме на консензус, а опозицијата не бира средства како да ни стави нож во грб
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со месеци повикувале на внатрешен консензус, а дека опозицијата сега го копирала тоа и дека додека Владата се обидува да ги поврати изгубените позиции на меѓународната сцена, опозицијата не бирала средства како да им стави нож во грб.
Препорачано
„Не би ги коментирал егзебициите на опозицијата кои се само континуитет на оние предавства и порази кои ги направија во минатото. Ние како Влада додека се бориме жестоко да ги повратиме позициите кои тие ги оставија во минатото слободни и ги предадоа националните интереси на државата, гледате од позади грб се обидуваат да ни стават товар но ние сме силни и ќе го издржиме сето тоа. Мислат дека ако им се допаднат дека ќе можат повторно да се вратат на власт, но не оди тоа така“ рече Мицкоски.
Според него, погрешна е политиката која што ја води опозицијата, политиката на, како што рече, свиткана кичма, на предавства, на лесно потпишување договори и слично, и дека тоа нѐ доведе во оваа ситуација во која што сме сега.
„Она што го прави оваа Влада и македонската дипломатија е да ги поврати изгубените позиции, но и на светот да му покаже во суштина што се крие позади сето она што порано беше кажувано како едноставна работа – само да се промени Уставот и завршено е се, готово мед ќе почне и млеко да тече и се ќе биде перфектно, а во суштина не е така“ додаде Мицкоски.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по вчерашната средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, повика на внатрешен консензус меѓу сите политички чинители во државата со цел да се дефинира начинот на кој ќе се соработува за земјава да го продолжи евроинтегративниот процес.
Тој рече дека како партија остануваат целосно посветени на евроинтегративниот процес и дека тоа е единствениот начин на којшто државата може да ги зајакне капацитетите, граѓаните да имаат подобра економска положба и да има вистинска реформа на правниот систем.
Филипче повика на внатрешен консензус: Не е време за калкулации, ни за ситнопратиски интереси