Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Мицкоски: Силни општини се предуслов за европска Македонија и темел за стабилна и успешна држава

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во денешното обраќање на Меѓународната конференција за регионален развој која се одржува во Гевгелија ја истакна важноста на локалните единици и нивниот развој, како важен предуслов за европска Македонија каде сите граѓани ќе имаат еднакви шанси, независно каде се родени или каде живеат.

„Живееме во свет што станува сè подинамичен, понекогаш непредвидлив, исполнет со глобални предизвици, но и со големи можности. Во таков свет, секоја држава мора да го постави својот модел на развој. А најсилни ќе бидат оние што ќе изградат силни локални заедници. Иднината не започнува глобално и централно, таа започнува локално, со изградена улица во едно село, со нова водоводна мрежа, со реновирано училиште во рурална општина, со локална економија што добива ветер во грб. Тоа се темелите на стабилна и успешна држава, вели Мицкоски.

Според него, регионалниот развој не е дополнителна обврска, туку предуслов за стабилност, за еднаквост и за европска Македонија.

„Нема Европа дома ако целата економија не се врти околу сите општини околу сите населени места. Денеска за жал сето она што го гледаме во најголема мера се врти околу еден град, а остатокот од државата живее со тешкотии. Затоа мораме да го скратиме развојниот јаз меѓу регионите. Да изградиме држава во која секој има еднаква шанса, без разлика каде е роден и каде живее“, рече премиерот.

Тој за крај истакна дека државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре, а, како што вели, тие темели се секоја општина во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот