Христијан Мицкоски Фото Фејсбук: Мицкоски

Мицкоски прогнозира: Ако продолжи со ваква политика, СДСМ можеби нема да освои ниту една општина на изборите

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партии да имаат убедлива победа на локалните избори. За опозициската СДСМ прогнозира дека можеби нема да освојат ниту една општина, иако засега се конкурентни во четири општини.

-Јас очекувам, врз бројките коишто ги добивам, убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. На настанот вчера јасен бев и прецизен, можеби онаму каде што е конкурентен СДСМ се две до три, максимум четири општини. Да бидам искрен, ако вака продолжат неодговорно да се однесуваат, можеби и да не освојат општина на следните локални избори. Гледам и тие малкумина коишто ги поддржуваат играат на картата на кратко помнење на граѓаните и нормално нихилистичка политика, сè што прави оваа Влада не чини, па не може сè што прави оваа Влада да не чини – изјави Мицкоски за време на посетата на тренинг центарот во Идризово.

Тој посочи дека опозициската партија води политика преку која критикува сè што Владата прави, а за него, тоа не е во ред, и додаде дека не може да не чини сè што тие прават.

-Не може сè по која било основа да се критикува, вклучувајќи го договорот со Обединетото кралство – порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот