Мицковски/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Мицкоски пријавил два рачни часовници во Антикорупциска, кои вкупно вредат 52.100 евра и уметнички слики од 10 илјади евра

Христијан Мицкоски, во улога на пратеник во Собранието на Македонија, во Антикорупциска комисија пријавил два рачни часовници кои ги поседува од 2015 и од 2016 година а кои вкупно вредат 52.100 евра. Овие податоци се објавени на страницата на Државната комисија за спречување корупција.

Не е наведено за каков вид на часовници се работи, односно не се наведуваат брендовите, но наведено е дека првиот стекнат во 2015 година вреди 13.400 евра, а вториот рачен часовник кој е стекнат во 2016 година вреди 38.700 евра.

Друг имот кој Мицкоски го пријавил во задолжителниот анкетен лист до антикорупционерите е и куќа од 343 квадратни метри вредна 437 илјади евра во скопската населба Влае која ја стекнал во 2014 година. Премиерот пријавил и уметнички слики вредни 10 илјади евра. Наведено е дека има и потрошувачки кредит од 406,546 денари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот