социјален договор фото МИА

Мицкоски: Потпишувањето на колективниот договор во делот на социјалната заштита е историски чекор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за околу 20 проценти и подобрување на условите за работа.

– Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата започнувајќи од платата за месец август во периодот кој следи. Министерството за социјална политика, демографија и млади прави, би рекол, историски чекор во таа насока, рече Мицкоски по посетата на Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“ (РЕК „Битола“).

Премиерот нагласи дека освен зголемувањето, колективниот договор значи и подобри услови за работа за вработените во овие установи.

– Не е само зголемувањето на платите што треба да биде дваесеттина проценти, туку станува збор и за услови кои ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава, рече Мицкоски.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков, од другата страна на 7 август го потпишаа Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот