Инфлација, илустрација / Фото: МИА

Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 – 3 отсто следната година

Премиерот Христијан Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино сведување на два до три проценти наредната година. Како што изјави денеска, првпат по многу месеци и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар што значи дека се намалуваат.

-Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво.  Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.

Премиерот информира и дека се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, како и дека се веќе покренати одредени постапки од инспекциските служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот