Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог

„Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог. Да не дозволиме минатото да се повтори. Нека споменот на жртвите биде вечен, напиша денеска на социјалната мрежа Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

-Денес стоиме со почит, тага и надеж, сеќавајќи се на жртвите од Втората светска војна и трагедијата на Холокаустот, која не ја одмина ниту Македонија. Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати. Но, историјата не е само спомен, таа е лекција. Нашата обврска е да ја зачуваме вистината, да се спротивставиме на заборавот и да градиме општество засновано на толеранција, правда и меѓусебно почитување, напиша на Фејсбук претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој денеска присуствувал на настан во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

На настанот освен првите луѓе на Меморијалниот центар и припадници на еврејската заедница во Северна Македонија присуствувале и поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, Љупчо Димовски вицепремиер и министер за политички систем, пратеничката Рашела Мизрахи и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот