Фото: Принтскрин

Мицкоски: Не може да се очекуваат резултати со овој обвинител во борбата со криминалот

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање вели дека институциите си ја работат работата, доставуваат пријави до Обвинителство, но оттаму нема никакви резултати во борбата со криминалот и корупцијата.

„Институциите преземаат мерки, дејствуваат, но треба Обвинителството да преземе мерки. Тоа е суштината. Не може да се очекува резултати од ова Обвинителство од овој обвинител резултати во борбата со криминалот и корупцијата. Може да набројам 100-200 пријави од страна на институциите коишто се доставени до Обвинителството а од таму нема никаков резултат. Со овие Обвинители и овој Обвинител, тешко“, изјави Мицкоски од Охридско каде изврши увид на градежните работи на патот Кичево-Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот