Христијан Мицкоски Фото: Фејсбук Мицкоски

Мицкоски: Народот не заборава, нема да дозволам ново предавство од СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници за претстојните Локални избори се осврна и на резулуцијата „црвени линии“ за Бугарија, која ја презентираше претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Мицкоски потенцираше дека додека тие борат за чесна и  успешна Македонија, а какошто рече „гледаме за што се борат нашите противници“.

-Гледаме дека нашите противници повторно се обидуваат со трикови и празни декларации да го измамат народот. Најавуваат некакви „црвени линии“ за Бугарија, но во суштина знаеме што вредат и колку вредат и колку траат нивните декларации. Но она што уште не можам да разберам е на кого му праќаат сигнал? На кого се заложници? До кога ќе трае нивниот аранжман?  Народот не е наивен. Народот добро ги памети. Ги паметиме сите нивни изјави од минатото, нивните предавства, нивните лаги. И токму затоа, овој пат ќе има казна уште поголема казна на овие избори споредено со претходните, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека црвени линии вакви или такви, препознатливи или непрепознатливи нема да дозволи да се црвени линии кои ќе отсликаат контури на ново предавство во иднина, и какошто рече „ако им се дозволи да го реализираат нивниот план“.

-Запрашајте се зошто пред избори оваа тема ја наметнуваат? Повторувам и не знам и се чудам на што се надеваат, до кого го испраќаат овој сигнал. Но нашиот народ покажал низ вековите дека е мудар, добро памети до пред само една година каква власт имаше СДСМ и ДУИ и што направи. Ги памети и оние траги-комични изјави за македонската жица која свири во душата на нивниот поранешен премиер и сегашен гуру, ги памети и изјавите дека Уставот нема да се менува и ветувањата кои ги даваше додека сите овие сега кои се во раководството му ракоплескаа. Сега таа иста екипа нуди резолуција која и самите знаеме дека и таква каква што е  нема да ја почитуваат. Но повторно го поставувам прашањето кој ги тера? За кого работат? До кога ќе им трае аранжманот, праша Мицкоски.

Тој додаде дека поради оваа ароганција и поради многу други работи опозициската СДСМ  мора жестоко да се казнат на овие избори, затоа што продолжуваат да го потценуваат сопствениот народ.

– И сакаат повторно со триковите од пазарите од Горни Милановац да го прелажат и наместо сопствениот народ тие да имаат поинакви приоритети. Но, тоа нема да го дозволиме. Ние ќе стоиме рамо до рамо со народот затоа што нам не ни се важни фотелјите и немаме трговски зделки преку кои распродаваме идентитет и историја. Нам ни е битна Македонија, македонските црвени линии и македонските интереси! Затоа најпрво СДСМ нека направи саморефлексија, нека напише за почеток едно соопштение, и нека даде изјава со која ќе се извинат на македонскиот народ за предавствата кои ги направија, и ќе посочат за што точно и од кого се извинуваат, и нека се променат еднаш засекогаш. Тие за жал наместо да се променат пробуваат се обидуваат со истите трикови да се борат. Ќе ви кажам во суштина што е нивната борба, рече Мицкоски.

Toj оцени и дека опозициската СДСМ се бори заедно со Али Ахмети ДУИ и, како што вели, тоа е јасно како бел ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот