Христијан Мицкоски Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Мицкоски најави реконструкција на ГОБ „8 Септември“ и охридскиот аеродром

Премирот Христијан Мицкоски најави дека ќе се реконструираат Градска општа болница „8 Септември“ и административната зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

– Денес сакам да најавам две важни вести. Првата е реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ или популарно наречена „Воена болница“. Втората, реконструкција и нова административна зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ – објави Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

Повеќе детали најави дека ќе соопшти на денешната прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот