Фото: Фејсбук/Христијан Мицковски

Мицкоски на средбата со Агелер: Aмериканската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска остварил средба со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, како и со заменичката амбасадорка, Никола Варнес.

„Разговаравме за тековните политички и економски прашања и за напредокот на државата кон Европската унија. Ја нагласив важноста на стратешкото партнерство со САД и истакнав дека американската поддршка е клучна за развојот и стабилноста на земјата. Се согласивме да ги зајакнеме билатералните односи и да ја зголемиме соработката во различни области, напиша Мицкоски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот