Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Мицкоски: Македонија оди напред со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија

Премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи се на последните податоци од Државниот завод за статистика за пазарот на труд тврди дека власта ја стабилизира економијата.

-Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабализираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст. Стапката на невработеност е намалена на 11,5%, што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина.

Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69%, додека увозот за 4,35%. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41%, а увозот за 4,83%. Дополнително, вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07% во однос на истиот период минатата година – објави Мицкоски на Фејбук.

Вели дека, додека опозицијата шири црнила, тие испорачувале резултати.

-Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој – вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот