Модернизација на Коридор / 10.02.2021 / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Мицкоски: Доверлива е каматата која ја понудија банките за финансирање на брзата пруга

Премиерот најави дека на првата владина седница, во затворен дел, ќе се разгледаат понудите на финансиските организации за брзата пруга, но не може да каже каква ќе биде каматната стапка бидејќи процесот е доверлив. Сепак вети дека ќе биде избрана најдобрата понуда

Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со меѓународните банки и финансиски институции кои се пријавија да ја финансиираат брзата пруга од Коридорот 10.

Мицоски најави дека на првата владина седница, во затворен дел, ќе се разгледаат понудите на финансиските организации за брзата пруга, но не може да каже каква ќе биде каматната стапка бидејќи процесот е доверлив. Сепак вети дека ќе биде избрана најдобрата понуда.

-Не можам да ви кажам зашто понудите се доверливи. Не би зборувал и за бројка додека не поминат на владина седница. Интересот е голем. Утре, покрај редовната ќе имаме и затворена владина седница. Очекувам информација од Министерството за финансии и да се предложи меѓусекторска работна група што ќе ги анализира пристигнатите понуди. Прв услов е да видиме дали сите тие понуди ја понудиле сумата што ја бараме. Тоа ќе биде првиот катализатор, а дури потоа ќе влеземе во нивна длабинска анализа, па дури потоа можеме да зборуваме за повеќе детали – прецизираше премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот