христијан мицкоски димитар ковачевски
Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски / Фото: ЕПА, Колаж: СП.

Мицкоски до Ковачевски: Ајде на тв дуел, па народот нека суди, за да нема вака кажавме, така кажавме

Човекот е кукавица киднапиран домазет во својата влада се плаши да оди на избори се плаши да излезе на тв дуел, изјави лидерот на вМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и повторно го повика премиерот Димитар Ковачевски на јавна сцена да ги разменат ставовите за уставните измени.

„Човекот е кукавица киднапиран домазет во својата Влада, се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на тв дуел, таква е оваа политичка матрица. Освен тоа што уште некое време ќе бидат таму каде што се , јас не очекувам било каква креативност – еднаш кукавица, цел живот кукавица. За да нема вака кажавме, така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме, па народот нека суди“, рече Мицкоски.

Мицкоски смета дека резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот идентитет е добредојдена.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок да се обезбедат што е можно повеќе такви резолуции. Секоја таква резолуција е добредојдена, ја прегрнуваме, очекуваме такви резолуции и од други наши стратешки партнери во периодот што следи, но тоа не е ни пет проценти од тоа што овој народ го заслужува. А овој народ заслужува фер шанса, каква што шанса имале сите народи коишто пристапувале кон ЕУ, а тоа е без условување, без отстапки по националниот идентитет да може да покажеме колку знаеме и колку вредиме и во еден нормален процес на преговори да станеме земја членка на Европската унија. Макдонија не може да преговара континуирано под бугарски диктат тоа е он ашто го бара ВМРО-ДПМНЕ и се додека постои бугарски диктат Македонија се чувствува обесправена и граѓаните на Македонија не добиваат фер шанса“, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот