Христијан Мицкоски/Фото: Принтскрин

Мицкоски до ДУИ- не ги лажете гласачите

Се зборува за предвремени избори. Анкетите покажуваат дека ако тие се одржат, ВМРО-ДПМНЕ би имало сигурно над 62-63 пратеника, стабилно мнозинство со силна реформска агенда. Но, да не се лажеме, предвремени избори значат и  изгубено драгоцено време.

ДУИ ја експлоатира темата за да собира клиентелистички гласови, лежејќи ги своите гласачи дека ќе правеле коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Им порачувам, кај мене како претседател на Владата, а пред се како човек се важни принципите, а не комбинациите. Не интриги, не политикантство. Престанете да го лажете сопственото гласачко тело. Тоа е нечесно и некоректно кон луѓето кои со години ги манипулирате. Како владејачка коалиција убедливо ќе ве поразиме.

Ова денеска на Демократската унија за интеграција и го порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, Мицкоски оцени дека ДУИ очигледно не сака реформи.

-Очигледно е дека не сакате реформи. Останувате во истата матрица со СДСМ и тоа е трагедија за државата. Глумите партија која се бори за Албанците, a во две децении власт не понудивте ниту еден сериозен проект за албанската заедница. Официјалните податоци покажуваат колку стотици Албанци се иселија токму во вашиот период. На мајките кои си ги испратија децата во странство кажете им што добија од вашето владеење, истакна Мицкоски.

Според него, ДУИ и СДСМ не само што ја уништија институционалната стабилност и ја доведоа државата на раб на банкрот, туку и создадоа апатија и разочарување.

-Додека граѓаните осиромашуваа, вие се богатевте бесрамно на нивниот грб. Вашите повици за КАМ бек преку предвремени избори се само доказ за очи, потенцира Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот