
Мицкоски дециден: Поддржуваме една изборна единица, но право на глас да има и дијаспората
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при денешната посета на Машинскиот факултет изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица, но само доколку право на глас да има и дијаспората.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Нема поголемо демократско право од тоа дијаспората да учествува во изборен процес за парламентарни и претседателски избор. Еве, ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може да учествуваат тие во еден таков изборен процес. Да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици, да имаме една и, практично, сите гласови да се влеваат во една изборна единица, и на резидентното население, но и на дијаспората што ќе сака да учествува.
Тој додаде дека партијата се согласила и за промени во досегашниот начин на гласање на дијаспората со кој се гласа само во дипломатско-конзуларните претставништва, преку воведување на екстериторијално гласање- поставување гласачки кутии на различни локации, надвор од конзуларните претставништва во државите кои го дозволуваат овој тип на гласање.
Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка поднесен од претседателката и пратеничка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието.
Според образложението, предложените измени за воведување на една изборна единица се со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба, воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници.
Исто така, со воведувањето на една изборна единица ќе има поголема застапеност на помалите политички субјекти.