
Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека додека бил во опозиција, бил следен од службите и смета дека се работи за класична злоупотреба на државните ресурси и нема никаква разлика од прислушувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор.
Препорачано
– Што е разликата помеѓу злоупотреба на државните ресурси и прислушкување и физичко покривање исто така со злоупотреба на државните ресурси на претседател на најголема политичка партија во опозиција во тој момент? Нема разлика, за ова луѓе во затвор се. Тоа што врз основа на наводна информација добиена од информатор била составена белешка која потоа врз основа на процедурата на агенцијата служела како алиби за да може институционално да биде следен истакна дека не е во ред, а тоа се потврдува и со тоа што МВР не била информирана. Врз основа на тоа што успеав да го видам и да го слушнам од луѓето со коишто комуницирам, а тие се вработени во агенциите коишто се занимаваат со безбедност, тогаш можам да заклучам дека станува збор за внатрешна процедура во која што се користат ресурси на овие агенции коишто најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази – изјави Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „360 степени“.
Според него, не е во ред во таков еден извештај да пишува дека финансирал и инспирирал, како што вели „вооружена формација којашто во тој момент претставувала опасност за правниот поредок и Уставот на Македонија“.
– А токму тоа го констатирала една од овие две агенции. Тогаш логично е таа агенција да го информира Министерството за внатрешни работи. Прашањето е зошто не го информирала? Затоа што тој период кога таа агенција го констатирала ова преку информација добиена од свој извор, технички министер беше Наќе Чулев. Станува збор за класична злоупотреба – рече Мицкоски.