Sredba na premierot Hristijan Mickoski so Amerikanskata ambasadorka Angela Ageler

Мицкоски-Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

„На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата. Ја истакнав важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

И американската амбасадорка се огласи по средбата со македонскиот премиер. Таа напиша:

„Продуктивна средба со премиерот. Разговаравме за приоритетите на новата влада и уште еднаш ја потенциравме постојаната поддршка на САД во унапредувањето на целта за бзбедност, просперитет и евроатлантските интеграции на Cеверна Македонија“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот