Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели / СП. архива

Мицевски: Mонетарната политика во наредниот период ќе биде во сигурни раце

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, Трајко Славески покажал и докажал дека е човек кој се грижи за државните интереси и монетарната политика во наредниот период ќе биде во сигурни раце.

Тој истакна дека не очекува опозицијата да го смени ставот и да гласа за неговиот избор за гувернер на Народната банка.

-Тие го дадоа својот коментар по однос на Трајко Славески кој е предложен за гувернер. Она што деновиве провејуваше низ јавноста, а можев да го видам од сите страни, тоа е дека никој не ја оспори квалификацијата и професионалниот интегритет на Славески. Јас сум убеден дека времето ќе ги дематира СДСМ, рече Мицевски на прес-конференцијата во Собранието во одговор на новинарско прашање.

Изборот на гувернер на Народната банка денеска е пред пратениците во рамки на 52. седница.

За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славески е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршување функциите министер за развој и за финансии.

Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот