Фото: РФМ

Mицевска: Ни се исполни срцето кога ја видовме салата полна, аплаузот многу ни значи

Женската ракометна репрезентација на Македонија вчера беше поразена на првиот натпревар на Европското првенство, актуелниот олимписки шампион ја оправда фаворитската улога и славеше во Скопје со 24:14.

Македонските ракометарки прикажаа одлична борба против фаворизираниот противник кој играш цврста одбрана, па првиот гол го постигнавме дури после 15 минути игра, но мора да се истакне и добрата игра во одбраната.

На нашиот гол одлична беше Јована Мицевска која средбата ја заврши со девет одбрани.

„Во првите 15 минути влеговме еуфорично. Ни се исполни срцето кога ја видовме полна салата. Системот на Франција е многу подобар од нашиот. Аплаузот по крајот на натпреварот многу ни значеше тоа за нас е ветер во грб и мотив плус. Се надеваме дека нема да разочараме во следните два натпревари и ќе одиграме и подобро“, изјави Мицевска по натпреварот.

Македонија утре ќе игра против Холандија, а во среда против Романија. Двете средби се играат во терминот од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот