Патрик Мареј и Џон Чалис/Фото: Ken McKay/ITV / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Ми го зафати и лимфниот систем“: Ѕвездата на серијата „Only Fools and Horses“ пак боледува од рак

Патрик Мареј (66), ѕвездата на поранешната хит серија „Only Fools and Horses“, повторно боледува од рак.

„И покрај максималните напори на лекарите, ракот на белите дробови се врати. Пред неколку месеци мислев дека е готово, но се испостави дека е рак кој се проширил на карлицата и коските на нозете. Го зафати и лимфниот систем. Докторот е уверен дека хемотерапиите ќе ги држат работите под контрола, тој е оптимист“, напишал актерот на Твитер.

Патрик на почетокот на 2022 година, на социјалните мрежи објави дека боледува од тумор на белите дробови. Тој тогаш им порача на своите обожаватели никогаш да не ги игнорираат симптомите на болеста за да можат навреме да се спасат. Тогаш ги опиша симптомите што ги чувствувал и рече дека никогаш не би ги поврзал со овој подмолен рак и ги повика сите да се грижат за своето здравје.

Мареј напиша дека имал стомачни проблеми и отишол на преглед кој открил мноштво бенигни тумори на други места, за скенерот да покаже дека има рак на белите дробови.

 


Потсетуваме, Патрик го глумеше Мики Пирс во 20 епизоди од серијата „Only Fools and Horses“ која се снимаше 22 години. По завршувањето на снимањето на легендарната серија во 2003 година, тој доби неколку улоги, но на крајот одлучи да се откаже од актерството и стана таксист во Кент. Тој на крајот беше принуден да ја смени работата додека се бореше со хронична опструктивна белодробна болест, која предизвикува тешкотии со дишењето.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот