
„Металика“ ќе донира 250.000 долари за Турција и Сирија
Aмериканската хеви-метал музичка група „Металика“ ќе им донира 250.000 долари на хуманитарните организации „Direct Relief“ и „World Central Kitchen“, коишто обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и Сирија.
Препорачано
„Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени го претвори целиот подрачје во урнатини. Бројот на жртви продолжува да расте. Партнерските организации, ‘All Within Foundation My Hands’ (нивната фондација), ‘Direct Relief’ и ‘World Central Kitchen’ работат на терен за да обезбедат медицинска помош и храна за жртвите од оваа катастрофа. ‘All Within Foundation My Hands’ обезбедува грантови од 125.000 американски долари за секоја организација, заради поддршка на нивните напори“, соопшти „Металика“.
View this post on Instagram
„Direct Relief“ обезбедува медицинска опрема, додека „World Central Kitchen“ подготвува 125.000 оброци дневно. Донацијата доаѓа од непрофитната организација на американскиот бенд основана 2017 година за борба против гладот и во поддршка на образованието и други добротворни цели ширум светот.
Хеви-метал составот редовно донира пари во добротворни цели. Секој декември, на пр. тие одржуваат посебен годишен концерт наречен „Helping Hands“ во Калифорнија, којшто меѓу другото, го полни буџетот на нивната хуманитарна фондација.