Фото: EPA-EFE/GUSTAVO AMADOR

Меси ќе пропушти натпревар на Интер Мајами затоа што не сака да игра на -15

Интер Мајами би можел да биде без Лионел Меси во првиот натпревар од 1/16 финалето во КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Интер Мајами во првиот натпревар и гостуваат на екипата на Канзас, а како што пренесуваат медиумите големи се шансите Меси да не биде дел од овој натпревар.

Причината е што во тој град се најавува температура до -15 степени и наводно ќе се чувствува како -25.

Поради тоа Меси не сака да излезе на теренот, но постои мала шанса да го промени мислењето. Исто така се наведува дека Интер Мајами побарал натпреварот да биде одложен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот