Фото: EPA-EFE/STEVE C.MITCHELL

Мерлин Менсон конечно осуден: Призна дека го издувал носот во лицето на снимателка

Американскиот музичар Мерлин Менсон конечно беше осуден на 20 часа општествено корисна работа и парична казна, откако призна дека го издувал носот во лицето на снимателка, на концерт во Њу Хемпшир во 2019 година, пишува „Би-би-си“.

Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, беше обвинет по две прекршочни точки, а во договорот за признавање на вината, го призна само обвинението за дување нос во лицето на снимателката. Обвинителите го отфрлија второто обвинение, во кое се тврди дека Менсон го плукнал и камерманот.

Пејачот беше казнет со нешто повеќе од 1.400 долари, а судијата се согласи да му дозволи на Менсон да ја отслужи казната со општествено корисна работа во Калифорнија. Менсон мора да обезбеди доказ за својата општествено корисна работа до 4 февруари.

Потсетуваме дека на концерт во 2019 година, Мерилин Менсон зборуваше пред камерата што ја држеше Сузан Фонтан и во два наврати го издувна носот врз неа. Снимателката го опиша ова како „најодвратното нешто што едно човечко суштество може да го направи“.

Музичарот прво се изјасни за невин во 2019 година, а неговиот адвокат рече дека методот на снимање што го користела Сузан „обично ги изложува снимателите на случаен контакт со телесни течности“.

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот