Илустративна фотографија на жена во есенски период / Фото; Profimedia

Меркур во Девица од 2 до 18 септември: Ова е време за ред, јасност и нов почеток

Периодот на движење на Меркур низ знакот Девица може да биде мошне корисен за оние што бараат или започнуваат нова работа. Ова е, исто така, поволен момент да се посветите на здравствени состојби, да добиете корисни информации и совети. Меркур во овој знак е создаден за да служи – тивко и ненаметливо да ја извршува својата улога. Доколку ви е потребна некаква услуга, сега е вистинското време да ја побарате, пишува српскиот астролог Јулијана Оменовиќ за „Атма“.

Во овој период умот работи непрекинато – мисли се движат, скокаат од минатото во иднината, па неретко забораваме да бидеме присутни во сегашноста. Го осудуваме минатото поради неуспеси, пишуваме сценарија за иднината како сè да е под наша контрола, а резултатот е замор и исцрпеност. Животот минува покрај нас додека сме заробени во бескрајни анализи и сомнежи.

Септември е почеток на вториот дел од работната година. Обврските растат, се обидуваме да планираме и да ја организираме секојдневницата. Токму тука Меркур во Девица може да ни помогне – да внесеме ред, план и чистота во сопствениот живот. Но, истовремено може да нè вовлече во лавиринтот на прекумерно размислување, уште пред да преземеме конкретна акција.

Движењето на Меркур низ Девица (2–18 септември) нуди два правци:

  • едниот е патот на перфекционизмот, бескрајните анализи и критики, кои водат кон замор и исцрпеност,
  • другиот е патот на смиреноста, присутноста и умешното организирање на секојдневните обврски.

Кога не трчаме од задача до задача, кога си даваме малку мир, одмор и здив, стануваме попродуктивни и поуспешни. Само тогаш навистина можеме да управуваме со своето време и сили.

Особено значаен ќе биде придонесот на овој Меркур за време на затемнувањето на Месечината во Риби на 7 септември. Тој момент ќе нè поттикне, сакале или не, да ги промениме работните навики – во име на продуктивноста, ефикасноста и сопственото здравје.

Нека овој Меркур ви служи! Поминете низ септември во мир, прифаќање и организираност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!