Општина Струга
Фото: МИА

Мерко ја продал зградата на струшкиот Водовод, општината две години плаќа 3.000 евра за кирија

Антикорупциската комисија денеска соопшти дека ќе го проверува случајот со јавното претпријатие „Водовод“ од Струга. Од ДКСК велат дека општината, предводена од градоначалникот Рамиз Мерко, пред две години го продала земјиштето и објектот во кој беше сместено ова комунално претпријатие и оттогаш струшки „Водовод“ за кирија месечно плаќа сума од над 3000 евра.

Според комисијата, ќе се испитуваат и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејоВ кој се наоѓа во близина.

Директорот на „Водовод“-Струга, Дашмир Насуфи, вели дека киријата и не е толку голема, со оглед на бројот на вработени. На седницата на општината неодамна тој се бранеше дека ја наследил кријата од неговиот претходник и дека правел напори тоа да се смени.

Но, за градските советници остана тајна каде завршуваат парите од кириите, кој е сопственик на објектот, каде освен Водовод е сместено и Јавното претпријатие за паркинзи „ЕКО Струга“, кое исто така плаќа висока закупнина.

Нејасна е и судбината на струшкиот Природонаучен музеј, кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според шпекулациите во Струга, тој најверојатно ќе биде дислоциран, а на негово место ќе се гради „профитабилен проект“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот