супермаркет
Фото: Pexels / Kevin Malik

„Мерката е на штета на бизнисите и граѓаните“ – критики за ограничените маржи од Стопанската комора на северозападна Македонија

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија велат дека немале официјална средба со министерот за економија Бесар Дурмиши, а властите и воопшто не ги консултирале за ограничувањето на маржите на прехранбените производи кое го најави Владата. Извршниот директор на СКСЗМ Дритон Зеќири за „ТВ 21“ вели дека мерката е на штета на бизнисите и граѓаните.

-Оваа интервенција на државата на слободниот пазар може да доведе до намалување на понудата на пазарот со што повторно ефектот ќе биде минимален или да има контраефект-изјави Зеќири.

СКСЗМ бара да ја преиспита оваа мерка, бидејќи оценува дека таа не соодветствува со менталитетот на економскиот развој, бидејќи со ова Владата директно интервенира на слободниот пазар, со што се руши овој концепт каде цените треба да се одредуваат според понудата и побарувачката.

„Дадовме наша сугестија, овие производи, кои се значајни за пазарот на нашата земја, да се размислува за намалување на царинските стапки на истите, што ќе влијае на намалување на крајната цена и тука нема да влијае на пазарот на бизнисот. . Бизнисот не би бил оштетен додека граѓаните би имале подостапни цени на производите.“, вели Зеќири за „Алсат“.

Мерката на владата предвидува ограничување на маржата на бруто добивка на 10%. Овој предлог Министерството за економија веќе го достави на владина седница, а министерот Дурмиши очекува да биде одобрена. Некои од производите кои ќе бидат опфатени со оваа мерка се лебот, млечните производи, овошјето, зеленчукот, а кошничката ќе биде краткотрајна и ќе почне да важи за еден месец и ќе продолжи до Нова Година и празниците потоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!