Мери Дика Георгиевска

Мери Дика Георгиевска избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје

Судијката Мери Дика Георгиевска едногласно, со 10 гласа „за“ е избрана за претседател на Апелациониот суд во Скопје од страна на Судскиот совет. Според членовите на Судскиот совет, се работи за судија што цели 28 години ја врши судиската функција, со богато искуство, без ниту една казна или дисциплинска постапка, која од 2016 година суди во Апелациониот суд. Таа и досега беше вршител на должност претседател на Апелација и успешно го раководи, особено што во овој суд има мал број на судии, а голем прилив на предмети.

На распишаниот конкурс судијката Мери Дика Георгиевска остана единстевен кандидат, откако вториот кандидат не обезбеди комплетна документација за да ги исполни сите законски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот