Новиот германски канцелар Фридрих Мерц/ Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Мерц: Згрешив за Путин, требаше побргу да ја сфатам заканата, уште кога изврши инвазија врз Крим

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека Европа направила сериозна грешка во проценките за рускиот претседател Владимир Путин и за руско-украинската криза, посочувајќи дека заканата требало да се сфати уште со нападот врз Грузија во 2008 година и со анексијата на Крим во 2014 година.

– Сите ние згрешивме во врска со Владимир Путин. Вистината е дека јас секогаш бев скептичен. Но, требаше и јас побрзо да ја сфатам заканата, многу пред неговиот напад на Украина, во 2014 година, кога ја изврши инвазијата врз Крим. А можеби и уште во 2008 година, кога ја нападна Грузија – рече тој во интервју за Пари мач.

Германскиот канцелар укажа на историските размери на она што се случува, напоменувајќи дека Путин со агресијата врз Украина „ја нападна втората најголема земја по површина на европскиот континент“.

Тој предупреди и дека Европејците со години ќе се соочуваат со овој „авторитарен режим кој повеќе не ја почитува рамнотежата што порано постоеше“.

Мерц неодамна го нарече рускиот лидер „најголемиот воен злосторник на нашето време“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!