Новиот германски канцелар Фридрих Мерц/ Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Мерц на удар поради забелешка за ЛГБТ+ знамето

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес беше критикуван поради одбивањето да се крене знамето на ЛГБТ+ заедницата над Бундестагот за време на претстојната Парада на гордоста во Берлин, објаснувајќи дека парламентот „не е циркуски шатор“.

Главното ЛГБТ+ здружение во земјата, телото одговорно за хомосексуалните прашања во германската влада, како и претставници од центарот и левицата, ја осудија изјавата на канцеларот.

Мерц ја бранеше одлуката на претседателката на Бундестагот.

„Тоа е правилна одлука. Бундестагот не е циркуски шатор, каде што можеме да креваме знамиња како што сакаме“, рече Мерц.

Оправдувајќи го своето одбивање, претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, рече дека знамето веќе било развеано на 17 мај, Меѓународниот ден против хомофобијата.

Квир луѓето се „интегрален дел од нашето општество“ и виножитовото знаме над Бундестагот би било „силна посветеност на државата“ за нивна заштита, изјави Софи Кох, шефица на кабинетот на владата за хомосексуални прашања.

Главното ЛГБТ+ здружение нагласи дека знамето е „универзален симбол на различноста и човековите права“.

Левичарската опозиција, исто така, реагираше дека Мерц „има талент да прави гафови и да ги вознемирува луѓето“.

Портпаролот на германската влада, Себастијан Хиле, денеска изјави дека канцеларот „јасно ја нагласила важноста на Маршот на гордоста“.

Тоа е „важен настан за различноста“ и правата на ЛГБТ+ заедницата, изјави Хиле на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот